Митровски: Соиграчите ме викаат Меси, задоволство е секогаш кога настапувам за Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Димитар Митровски во интервју за хрватски „Индекс“ говореше за својата одлична сезона во хрватскиот шампионат, но се осврна и на македонската репрезентација.

Тој своето интервју го почна со интересен одговор на прашањето дека голем дел од неговите соиграчи го викаат Меси.

„Еден пријател од Македонија ме нарекува така, па од него почна цела приказна. Оставам на другите да ја проценат таа споредба“, почна Митровски. 

Тој говореше и за репрезентацијата за која вика дека секогаш е задоволство да се настапува за неа.

„Задоволство е да се игра за репрезентацијата, не е притисок. Убаво беше чувството да се игра и  против Хрватска, неверојатна репрезентација која беше во финалето на Светското првенство. Кога играш против толку добри играчи, гледаш каде си и можеш многу да научиш од нив“, заврши Митровски. 

Се вчитува...