Хрватското фудбалско здружение „Фудбалски синдикат“ денеска ги објави наградените за натпреварувачката сезона 2024/25, а меѓу лауреатите имаше и еден македонски интернационалец.
Станува збор за Димитар Митровски, извонредниот офанзивец кој во дресот на Вараждин ја игра најдобрата сезона во кариерата. Митровски постигна низа значајни голови за Вараждин и е убедливо најдобар фудбалер на овој тим, а добрите игри беа препорака за Македонецот да се најде и во идеалниот тим за сезоната.
Покрај него, во овој дрим тим се најдоа уште и: Маленица (Осјек), Радељиќ (Риека), Марешиќ (Истра), Јуришиќ (Осиек), Валинчиќ (Истра), Фрук (Риека), Мишиќ (Динамо Загреб), Батурина (Динамо Загреб), Ливаја (Хајдук) и Пјаца (Динамо Загреб).
За најдобар хрватски фудбалер во сезоната е избран Лука Модриќ, а најдобар играч во хрватското првенство – капитенот на Хадук, Марко Ливаја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА