Мицевски успешно опериран, отсуството голем хендикеп за Вардар во битката за Првата лига (ФОТО)

Капитенот на Вардар Дарко Мицевски е успешно опериран по повредата која ја заработи на натпреварот против Охрид во 17. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Огромен хендикеп за црвено-црните ќе биде отсуството на Мицевски од терените до крајот на пролетта во битката за враќање во прволигашкото друштво.

Мицевски, сепак, порачува до сите навивачи на Вардар да останат сплотени и во што поголем број да бидат покрај својот тим, сега кога се најпотребни, верувајќи дека на крајот тимот ќе се радува на остварените цели.

Се вчитува...