Мизерија: Македонскиот првак од 2024 година почнува од претквалификациите во ЛШ!

Македонските претсавници во Европа, ги завршија своите настапи. Благодарение на новата Лига на конференции, европската сезона за Шкупи траеше нешто подоцна, а Шкендија успеа да мине две кола во ЛК. Така и во новата сезона на меѓународна сцена, Македонија ќе нема ниту еден претставник во групната фаза во сите три натпреварувања.

Согласно резултатите, се формираше и коефициентот на Македонија, кој е мизерен и според него во сезоната 2024/2025 македонскиот првак ќе тргне од претквалификациите во Лигата на шампионите, и ќе игра со екипите од Сан Марино, Андора и Црна Гора. Потребно беше нашите екипи да изборат барем уште една победа и едно „реми“ за да се избегне ова сценарио.

Идната 2023/24 сезоната, македонскиот шампион, сепак, ќе почне од првото квалификациско коло.

Според УЕФА калкулаторот, најдобро од сите македонски екипи во Европа мина Шкендија, која стигна до 3. квалификациско коло во Лигата на конференции и испадна од АЕК, додека најлошо мина Академија Пандев која со два порази од Лехија Гданск испадна од Лигата на конференции. Македонија ЃП имаше скор од едно реми и пораз од ЦСКА Софија.

Се вчитува...