Мкихтарјан: Во Скопје сме по победа, тоа е нашата цел!

Најголемата ѕвезда на Ерменија, Хенрик Мкихтарјан оптимистички е расположен пред гостувањето на неговата селекција во Скопје во вториот натпревар од Лигата на нациите.

Фудбалерот на Арсенал за ерменските медиуми вели дека тука се со желба за триумф и резултат кој ќе им овозможи полесен пат до првото место во Групата 4.

„Нормално дека нашата цел е победа. Зошто би истрчале на терен ако не размислуваме на триумф? Ако сакаме да дојдеме до првото место во групата тогаш на секој натпревар мора да одиме на победа. Тоа е единствениот начин. Секако, Македонија е повеќе од сериозна селекција со одлични индивидуалци. Добро знаеме каков фудбалер е Пандев, но и голем број други кои играат во одлична форма во Шпанија, Англија, Португалија… Сепак, ние се концентрираме само на нашата игра и нашата желба за успех“ – вели Мкихтарјан.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија на „Филип Втори“ стартува од 18 часот.

Се вчитува...