Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 6. коло од Првата лига славеа на гостувањето кај Гостивар со 65-79.
Во воведните две четвртини гостите од Куманово беа за нијанса подобар противник од домаќинот, што доведе на пауза меѓу двете полувреме да заминат со предност од 35-41. Слично се движеше резултатот и во вториот дел, па на крајот кумановци стигнаа до конечен триумф од 65-79.
Максим Митевски со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Марјан Младеновиќ постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

