Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Израел и со Црна Гора (ВИДЕО)

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва ги започна подготовките за натпреварот против Израел кој го играат на гостински терен на 12. ноември, претпоследен од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски на првиот тренинг ги имаше на располагање фудбалерите од домашниот шампионат, а од интернационалците тренингот го одработија Дарко Чурлинов од Штутгарт и Ердон Даци од турски Коњаспор.

Вечерва во тимската база пристигнуваат Бојан Миовски, Давор Здравковски, Есмин Личина, Јани Атанасов, Тодор Тодоровсски, Томче Гроздановски и Марко Ѓоргиевски, додека Агрон Руфати, Давид Тошевски и Димитар Митровски во текот на утрешниот ден ќе се приклучат на репрезентативните обврски.

Се вчитува...