Младата репрезентација во март на турнир во Анталија: Дуели со Украина, Словачка, Унгарија…

Во рамките на подготовките за следниот квалификациски циклус, младата репрезентација на Македонија следниот месец ќе учествува на силен меѓународен турнир во Анталија, Турција.

Селекцијата до 21 година претходно доби покана за учество и на силен меѓународен турнир со екипи од западна Европа во Марбеља, Шпанија, но селекторот Благоја Милевски мораше да го одбие истото од технички причини, поради шпанските регулативи за здравствена заштита поради пандемијата на Ковид-19.

Но, повеќе од квалитетни тестови репрезентацијата ќе има и во Анталија каде се очекува да одигра натпревари со Словачка, Украина, Унгарија…

Согласно програмата за подготовки за новиот квалификациски циклус за јуни е предвидено и нов собир и пријателски натпревари, пред септемврискиот старт на квалификациите. Првиот натпревар во новиот квалификациски циклус го играме на 2. септември на гостински терен против Франција.

Се вчитува...