Младата селекција по триумф во Израел, за одржување во живот на надежите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија носена од желбата со две победи да се завршат квалификациите за ЕП, денеска од 18:30 часот го очекува натпреварот на гостински терен против Израел.

И покрај фактот дека селекцијата на Благоја Милевски ќе биде дополнително ослабена со неиграњето и на Агрон Руфати, сепак единствено е размислувањето во националниот тим дека ќе се даде максумумот за враќање со бодови од Израел.

„Целта за нас секогаш била да излеземе на терен, да го дадеме најдоброто од себе и да победиме на секој натпревар. Освен последниот меч со Израел, на сите останати натпревари во овие квалификации бевме на високо ниво и ако ја повториме таа игра ќе оствариме одличен резултат. Најважно е како Македонија ќе изгледа на терен, а не противникот“ – вели селекторот Благоја Милевски.

По дуелот со Израелците, Македонија на 17. ноември во Скопје ја очекува и пресметката со Црна Гора. Атакот е на две победи во финишот како би се осигурало второто место во групата, иако е јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се стигне меѓу најдобрите второпласирани селекции од сите квалификациски групи кои ќе се најдат на ЕП, можност која е се уште жива само како теорија на хартија.

Се вчитува...