Младата ѕвезда на Барселона му се заблагодари на Куман: Фала ви за се господине (ФОТО)

Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона откако по поразот од Рајо Валекано, претседателот на клубот, Жоан Лапорта одлучи конечно да ја прекине соработката со холандскиот стратег и под цена од 13 милиони евра, колку што изнесува обесштетувањето во договорот.

Ваквата одлука на Лапота многумина ја дочекаа како позитива во тешките моменти на европскиот гигант, но еден од нив не беше ѕвездата во подем, Дест. Младиот Американец пристигна во редовите на Барселона во ерата на Куман за 21 милион евра од Ајакс и досега одигра 53 натпревари.

„Ви благодарам за вербата и водството. Секогаш ќе го ценам. Ви посакувам среќа во новото поглавие, господине“, напиша Дест.

Се вчитува...