Младен Крстајиќ ќе биде нов селектор на БиХ?

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина не успеа да се пласира во финалето на плејофот во Лигата на нации и пропадна сонот за пласман на Европското првенство. Поради ова се тресе столчето на актуелниот селектор Душко Бајевиќ кој би можел да замине од кормилото. Неговиот договор истече со самата елиминација од Северна Ирска во баражот. Босанците загубија на пенали на домашен терен, откако по 120 минути мечот заврши 1-1.

Како нов можен селектор на селекцијата на БиХ е најавен Младен Крстајиќ, српскиот стратег кој во 2018 година ја предводеше Србија .

„Би сакал да се вратам во фудбалот, посебно ако добијам ваква понуда. Засега можам да кажам дека печам ракија дома во дворот“, изјави Крстајиќ.

Се вчитува...