Младеновски уште една година во Бутел

Раководството на Бутел продолжува со формирање на екипата за наредната сезона, во која скопскиот клуб ќе дебитира и во европските купови. Откако беше продолжен договорот со најдобриот стрелец од ланската сезона, Марко Мајиќ, „бутелци“ денеска објавија дека во својот табор го задржуваат и Јовица Младеновски.

Искусниот бек, кој настапуваше и за Пролет, Металург, Струмица, Макаби Ришон и Охрид, потпиша нов договор на една година со Бутел.

„Ја продолживме соработката со Бутел Скопје на уште една година. Минатата сезона остваривме добар резултат и завршивме како четвртопласирани што ни овозможи настап во ЕХФ купот. Се надевам дека и оваа сезона најмалку ќе го повториме успехот од минатата сезона, а доколку ни се укаже шанса, да одиме и место погоре. Што се однесува до настапот во ЕХФ Купот, верувам дека ќе дадеме се од себе да го претставиме Бутел во што подобро светло во дебитантскиот настап на европска сцена“ – истакна Младеновски.

Бутел минатата седмица потпиша договор со поранешниот репрезентативен голман Златко Даскалоски, а како ново име ангажиран беше и Давор Шокоски од Прилеп.

Се вчитува...