Младинскиот репрезентативец Младеновски продолжува во Ботев Пловдив

Младинскиот репрезентативец Марио Младеновски ја продолжува својата кариера во бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

20-годишниот Младеновски ја заврши соработката со дански Фремад, одлучувајќи повторно да се врати на Балканот. Претходно во својата кариера има настапи и за Вардар, како и за младинската школа на Металург.

Се вчитува...