Младинските репрезентации ги добија противниците за ЕВРО-квалификациите

Фудбалските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години ги добија противниците во квалификациите за Европските првенства 2022 година.

Репрезентацијата до 19 години се најде во 7 заедно со селекциите на Франција, Србија и Албанија. Квалификациските мечеви ќе се играат во септември, октомври и ноември следната година, а првите две од секоја група, плус најдобрата трета од сите квалификациски групи ќе и се приклучат на Португалија во елитната фаза од квалификациите. Главниот турнир кој ќе се игра во Словачка е закажан за летото 2022 година.

Репрезентацијата до 17 години пак се најде во групата 5 со Република Ирска, Полска и Андора. Натпреварите ќе се играат од јуни до ноември 2021 година, а најдобрите две ќе им се приклучат на Холандија и Шпанија во елитната фаза која ќе се игра во пролетта 2022 година. Финалниот турнир ќе се игра во Израел во мај 2022 година.

Се вчитува...