Младиот Бејер го одведе Дормунд во четвртфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се петтиот патник во четвртфиналето сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Франција кај Лил славеа со 1-2, откако првиот натпревар пред седум дена одигран во Германија заврши без победник 1-1.

Домаќините подобро отворија и по пет минути водеа со 1-0 со голот на Џонатан Давид. Гостите израмнија на 1-1 преку Емре Џан од пенал во 54. минута, додека голот вреден четвртфинале (1-2) го постигна Бејер во 65. минута. За младиот напаѓач на „милионерите“ ова е прв гол во елитното натпреварување.

Таму за противник Борусија Дортмунд ќе ја има Барселона.

Lille 1 – [2] Dortmund – Maximilian Beier 65'
byu/ayoefico insoccer

 

Се вчитува...