Младиот Дуплантис го урна светскиот рекорд во скок со стап (ВИДЕО)

Младиот шведски атлетичар, Арманд Дуплантис го урна светскиот рекорд во скок со стап. Швеѓанецот на митингот во сала во Торино, ја прескокна летвичката која беше поставена на 6.17 метри, со што го урна досегашниот рекорд на Рено Лавилени од Доњецк 2014 кој изнесуваше 6.16.

Овој резултат е одличен старт на атлетската сезона која својата кулминација ќе ја има на Летните олимписки игри во Токио.

Се вчитува...