Младиот талент на Реал Мадрид на „мета“ на Тотенхем

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е заинтересиран за услугите на младиот фудбалер на Реал Мадрид, Дани Себалјос. Во полза за тимот од Лондон оди тоа што токму од „кралскиот клуб“ се заинтересирани за Кристијан Ериксен, па би можеле да го вклучат 22-годишниот Шпанец во трансферот за најдобриот дански фудбалер.

Доколку од Реал Мадрид не сакаат да го купат Кристијан Ериксен, од Тотенхем за Дани Себалјос се подготвени да понудат 50 милиони евра. Себалјос на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Реал Бетис во 2017 година за 17 милиони евра. За „кралскиот клуб“ настапи на 56 натпревари, но најчесто влегуваше од клупа, на кои забележа пет гола и две асистенции.

Поради изградбата на новиот стадион изминатата година тренерот на Тотенхем не трошеше пари за трансфери, но и покрај тоа Маурисио Покетино успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...