Младите одбојкарки со квалитетен отпор, но со пораз од Србија на стартот од квалификациите за ЕП 2024 (ВИДЕО)

Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија до 18 години загуби на првиот натпревар од втората рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

На квалификацискиот турнир од Групата Б кој се игра во Врњачка Бања, Србија, избраничките на селекторот Александар Митев во три сета, со 17-25, 15-25 и 16-25, загубија од домаќинот Србија.

И покрај поразот младите македонски одбојкарки одиграа повеќе од квалитетен меч против една од најдобрите светски селекции, потврдувајќи го својот потенцијал но и заслужениот пласман во втората квалификациска рунда.

Ивана Милева беше најдобра поентерка во македонскиот тим со седум поени, а Матеа Петровска и Андротеа Милевска реализираа по четири поени.

Македонија денеска од 16:30 часот во второто коло игра против Холандија, која во првото коло со 3-2 славеше против Чешка.

Се вчитува...