Младите ослабени во Израел: Руфати отпадна поради повреда

Младата репрезентација на Македонија дополнително ослабена патува за Израел на претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП, по повредата на Агрон Руфати.

Фудбалерот на украинска Зорја заработи повреда на денешниот тренинг па утре нема да патува со селекцијата во Израел.

Македонија со Израел игра во четврток, 12. ноември, а потоа последниот натпревар од квалификациите го игра на 17. ноември против Црна Гора во Скопје.

Се вчитува...