Многу нервоза во Приштина: Црвен за Абдула, Шкупи со нула на полувреме против Балкани

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи игра без голови 0-0 против косовски Балкани во реванш натпреварот од плеј-оф фазата во најмладото фудбалско клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Чаирчани уште на самиот старт влегова многу нервозно во натпреварот. Дефанзивецот Џелил Абдула доби директен црвен картон уште во втората минута, со што ги остави своите соиграчи на цедило.

Нервозата кај нашиот шампион беше евидентна и во продолжението, а до крајот на првиот дел пожолте и тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Поради бројчаната предност на теренот, домаќините ја имаа поседот на топката и беа за нијанса подобар противник во првото полувреме, но мрежите на двата голмани мируваа.

Се вчитува...