Мо Фарах и се враќа на атлетиката – Ќе настапи на ЛОИ во Токио

Легендарниот британски атлетичар Мо Фарах, најави дека ќе настапи на трката на 10,000 метри на Летните олимписки игри во Токио.

„Здраво на сите. Бев тивок во последно време. По Чикаго одлучив да земам одмор и слободното време да го поминам со фамилијата. Беше многу убаво да се натпреваруваш во маратони последните две години. Беше убаво што победив во Чикаго и бев трет во Лондон. Одлучив да се вратам 2020 на тартанот. Се радувам на враќањето на трките на 10,000 метри. Ќе се натпреварувам на трката на 10 километри во Токио“, изјави Фарах. 

Фарах на ЛОИ во Лондон во 2012 година, освои златни медали на трките на 5 и 10 километри, а истиот успех го повтори четири години подоцна на ЛОИ во Рио де Жанеиро.

Се вчитува...