Мо Фарах шокираше: Тоа не е моето вистинско име, киднапиран сум и однесен во Англија

Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња Мохамед Фарах одлучи за „Би-Би-Си“ да ја открие тажната вистина околу својот живот. Фарах успеа да освои четири златни медали на Олимписките игри преставувајќи го Обединетото Кралство. Тој е роден во Сомалија, а секогаш зборел дека како дете стигнал во Англија со своето семејство.

Меѓутоа во емотивен документарец, Фарах призна дека тоа не било вистина и сметал дека дошло време да ја признае вистината.

Фарах призна дека тоа не е неговото вистинско име и јавно искажа како се вика, и тоа дека неговите родители никогаш не живееле во В.Британија. Таткото го загубил кога имал четири години, а во Англија дошол на илегален начин.

„Сите ме знаат како Мо Фарах, но тоа не е моето вистиинско име. Роден сум на север на Сомалија и моето право име е Хусеин Абди Кајин. Без разлика што сум зборувал во минатото, моите родители никогаш не живееле во Англија. Семејството ни се распадна. Раздвоен сум од мојата мајка и киднапиран, и илегално донесен во Велика Британија под името Мохамед Фарах“, изјави атлетичарот кој откри дека жена, која никогаш не ја видел го киднапирала и го донела во Англија, а во Европа му било дадено ново име. 

Кога стигнал во Обединетото кралство, минал вистински пекол откако работел многу работи само да преживее, но никогаш не зборувал за тоа.

Се вчитува...