Модриќ ја нападна ФИФА: Таму на никого не му е грижа за фудбалерите

Хрватска во два дена продолжение успеа да слави против Косово со минимални 1-0 во квалификациите за СП 2018.

Поради пороен дожд и невозможни услови за игра мечот беше прекинат со тврдење дека нема да продолжи во недела. Но, наспроти тоа фудбалерите на двата тима итно беа „мобилизирани“ во текот на вчерашниот ден со одлука од ФИФА дека мора да продолжи.

„Ни беше кажано дека во никој случај нема да се игра во недела, и затоа нормално се опуштивме. Но, утрото бевме разбудени како во војска, со итна одлука да играме… Тоа во најмала рака кажано е несериозно. ФИФА со тоа покажа дека воопшто не се грижи за фудбалерите… Важно и е само мечевите да течат. Тоа организациски е навистина лошо, но што е тука. Сега се фокусираме на дуелот во вторник затоа што сакаме да останеме на лидерската позиција во групата“ – вели Модриќ.

Се вчитува...