Хрватска со победата од 1-0 над Панама успеа да го спаси Мундијалот 2026 за себе, останувајќи во последното коло да ја брка и натаму можноста за место во елиминациската фаза. Единствениот гол на натпреварот го постигна Анте Будимир во 54. минута, со што Хрватска освои вредни три бода пред одлучувачките натпревари во групата.
Средбата дополнително го одбележа големиот јубилеј на капитенот Лука Модриќ, кој го имаше својот 200-ти настап во репрезентацијата.
По натпреварот, Модриќ не го криеше задоволството од победата, но и емоциите за јубилејот во дресот на репрезентацијата.
„Фала му на Бога, добивме три исклучително важни бода за нас. Сакавме да победиме, а играњето 200 натпревари во нашиот омилен дрес е нешто посебно. Имав впечаток дека игравме во одреден грч, кој се чувствуваше во поголемиот дел од натпреварот, но како што одминуваше играта, имавме сè повеќе добри моменти“, рече Модриќ.
Капитенот на Хрватска нагласи дека верува оти триумфот против Панама ќе донесе дополнителна самодоверба во тимот во продолжението на натпреварувањето.
„Можеме само да напредуваме и се надевам дека оваа победа ќе го промени тоа. Неверојатно е да се стигне до 200 натпревари во мојот омилен дрес и тоа ме прави горд. Никогаш не можев да сонувам дека ќе постигнам таков јубилеј. Ви благодарам на сите за поддршката и честитките, како и на сите што ми помогнаа во текот на овие 200 натпревари“, рече Модриќ.
That’s now 200 Croatia appearances for Luka Modrić 🎊#FIFAWorldCup pic.twitter.com/iS6rVaeE9X
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 24, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
