Модриќ обвинува: „ВАР системот е промашување, никогаш не ми се допаѓал… Ова е жално!“ (ВИДЕО)

Хрватска го заврши Светското првенство, а капитенот Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија (2-1).

Иако не сакаше да зборува за евентуално збогување со репрезентацијата, беше многу суров кога ги коментираше одлуките на судиите и употребата на ВАР технологијата.

„Не е време сега да зборуваме за тоа. Ќе дознаете многу наскоро“, кратко одговори на прашањето за продолжувањето на неговата репрезентативна кариера.

Покажа многу повеќе емоции кога зборуваше за спорните судиски одлуки, за кои смета дека директно влијаеле на исходот од натпреварот.

„Можеме да го поделиме натпреварот на два дела. Во првото полувреме не бевме на наше ниво, бевме премногу повлечени. Во продолжение одигравме феноменално, една од нашите најдобри игри. Можевме сè да решиме претходно, но не ги искористивме шансите. После тоа, се случија работи што се неверојатни за мене“, рече Модриќ.

Посебно се осврна на поништениот гол на Хрватска во 13-тата минута од судиското продолжение.

„Судијата вели дека Матановиќ играл со топката, но ние ја гледавме снимката и никаде не можеме да видиме дека ја допрел. Ако не играл со топката, тогаш нема офсајд.А, сега тоа дали било допир со влакна, па дајте луѓе….“

Најголема врева предизвика ситуацијата во која, по интервенцијата на ВАР собата, беше досуден пенал за противникот, а токму овој детаљ Модриќ најмногу го критикуваше.

„Доколку ситуацијата беше обратна, ВАР никогаш немаше да биде вклучен. Реков уште кога беше воведен дека ВАР не ми се допаѓа. Со текот на времето се покажа дека може да биде корисен, но се користи неправилно или селективно, во зависност од тоа против кого играте“.

Капетанот на Хрватска смета дека во спорната ситуација немало елементи за најстрога казна.

„ВАР треба да реагира само кога грешката на судијата е 100%, односно 200% јасна. Ако има некаква сива зона, нема причина да се вклучи. Ова не е пенал. Двајцата играчи се туркаат еден со друг, Влашиќ не го повлече, но се држат и двајцата паѓаат. Поради оваа ситуација, не може да се досуди пенал во ваков натпревар“.

Модриќ смета дека неговата репрезентација често трпи штета поради одлуките од ВАР собата.

„Тоа ме нервира најмногу. Секогаш е на наша штета. Нема да бараме алиби во тоа, но ваквите одлуки одлучуваат судбини, го менуваат расположението на целиот тим и влијаат на сè за што се борите и се откажувате. Имаме многу млади играчи и тешко е кога им се случува нешто вакво.“

Тој исто така откри дека му било особено тешко да ги гледа своите соиграчи во солзи.

„Матео, Петар и другите плачеа затоа што Хрватска ни значи многу. Живееме за секој натпревар и за секоја победа. Кога губите на големо натпреварување, имате чувство дека сте ги разочарале луѓето што ве поддржуваат. Понекогаш е навистина тешко да ги задржите емоциите.“

Се вчитува...