Модриќ по убедливиот триумф над Чешка: Можевме да им дадеме и повеќе голови

Хрватската фудбалска репрезентација ја потврди својата класа во првиот натпревар во квалификациите за СП 2026 година откако ги декласира главните претенденти за првото место во групата, Чесите со 5-1.

Истиот впечаток од мечот го има и ненадминатиот Лука Модриќ, кој уште еднаш ја предводеше екипата како капитен постигнувајќи гол за 2-1 во 61. минута.

„Феноменален резултат, среќни сме за новите три бода. Треба да продолжиме вака. Бевме подобри речиси цел натпревар. Можеби можевме да постигнеме уште еден гол. Одигравме одлично во првото полувреме, додека во вториот дел влеговме малку побавно, но брзо се вративме и продолживме како што почнавме“, изјави Модриќ. 

Се вчитува...