Модриќ: Реал ја знае мојата желба

Лука Модриќ беше прогласен за играч на натпреварот во финалето од Суперкупот на Шпанија, и покрај годините Хрватот игра одлично оваа сезона и е еден од главните фудбалери на кралскиот клуб под водство на Карло Анчелоти.

Неговиот договор со Реал Мадрид трае до крајот на оваа сезона, но очекувањата се дека двете страни ќе се договорат за продолжување.

„За мене нема ништо, ништо подобро од тоа да бидам и понатаму дел од семејството на „кралевите“. Сега не размислувам за продолжување на договорот. Клубот знае која е мојата желба и сигурен сум дека наскоро ќе постигнеме договор“, потенцираше Модриќ.

Се вчитува...