Модриќ во пресрет на дуелот со Франција: Не е лесно, но мора да издржиме

Фудбалската репрезентација на Хрватска доживеа неочекуван пораз од Австрија од 3-0 на отварањето на новото издание на Лигата на нации, но тој меч мора брзо да се заборави затоа што следи нов испит и тоа вечерва против Франција.

Овој дуел е закажан од 20.45 часот во Сплит, а капитенот Лука Модриќ се надева на поквалитетно издание и многу подобар резултат против селекцијата со која традиционално имаат доста проблеми.

„Знаеме дека нашиот учинок со француската репрезентација не е најдобар, се уште ја чекаме таа победа. Можеби ќе дојде сега. „Пољуд“ ќе биде исполнет и можеби е време да ја прекинеме црната линија и да ги победиме. Мора да го дадеме максимумот. Крај на сезоната е, не е лесно, но мора да издржиме. Се разбира не е лесно кога ќе стават четири натпревари во Лигата на нации за десет дена по една ваква сезона. Ама нас никој не не прашува … Ајде да го извадиме последниот атом од нашата сила“, изјави ветеранот.

Се вчитува...