Мојсоски уште една година во Бутел

Златко Мојсоски и во следната сезона ќе го носи дресот на Бутел, како најискусен предводејќи го овој тим во дебитантската сезона на европската ракометна сцена. Крилниот ракометар денеска потпиша нов едногодишен договор со „бутелци“, тим со кој покрај во Супер-лигата ќе настапува и во Купот на ЕХФ.

„Чест ми е што сум дел од оваа успешна приказна, екипа која од година во година расте се повеќе. Бутел Скопје е екипа составена пред се од добри момци. Имаме одлична хемија и другарство кое беше пресудно за ланската успешна сезона. Се надевам дека со моето искуство и професионализам ќе придонесам да се продолжат добрите резултати на екипата како на домашна сцена, така и во ЕХФ Купот. Голема благодарност до управата со која имаме одлична соработка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Благодарност и до нашите верни навивачи без кои немаше да направиме историски успех за нашиот клуб минатата сезона“ – истакна Мојсоски по потписот на договорот.

Се вчитува...