Моќен МЗТ во Цетиње: Преку Ловќен до „десетка“ во АБА 2

Македонскиот вицепрвак МЗТ Скопје Аеродр0м ја оствари десеттата победа во АБА 2 лигата, совладувајќи го тимот на Ловќен на гости во Цетиње со 67-85. Тимот на Ѓорѓи Кочов покажа доминација и со одлична игра во третиот период го реши овој натпревар во своја корист.

Првиот сегмент му припадна на МЗТ кој по десет минути игра обезбеди шест поени предност (16-22). На полувреме замина со три поени позитива (35-38), но избраниците на Кочов блеснаа во третата четвртина во која го разбија противникот. Ја добија со 13-24, обезбедија двоцифрена комфорна предност и на крајот го речија мечот во своја корист за десетти триумф во АБА 2 оваа сезона.

Најефикасен во редовите на македонскиот претставник беше Андрија Бојиќ со 24 поени, додека Џејмс Вудар уфрли 18. Новото засилување Предраг Самарџиски имаше ефект од четири поени и четири скока за девет минути игра. Кај Ловќен, најмногу се истакна Алекса Поповиќ со 17 постигнати поени.

По овој триумф, МЗТ се наоѓа на второто место на табелата со десет победи и пет порази, додека лидер е Приморска со ефект 13/1.

Се вчитува...