Молчеливиот Олисе почна да „везе“ пред бразилска новинарка која му донесе подарок од неговиот идол (Видео)

Ѕвездата на Баерн Минхен, Михаел Олисе, кој не сака многу да биде пред камерите и често на прашањата одговара со еден или два збора, по и убедливата победа на баварскиот тим од 7:0 над Унион Берлин, беше расположен за разговор.

Олисе за кого германските новинари се шегуваат дека ако ја освои „Златната топка“ ќе каже само „Благодарам“ и ќе ја напушти бината, „се отвори“ пред бразилската новинарка Изабела Палјари.

Таа во микс-зоната на „Алијанц Арената“ го запре Олисе кој му даде три гола на Унион Берлин и му донесе подарок од неговиот идол, дрес од Нејмар потпишан лично од Бразилецот.

„Ова е единствениот дрес кој сакам да го имам“, и порача Олисе на новинарката.

 

 

Се вчитува...