Монако доведе уште еден напаѓач, си оди ли Мбапе?

Монако се подготвува за заминување на Килијан Мбапе откако францускиот првак донесе нов млад голгетер во своите редови за освежување на навалната линија. Станува збор за Адама Дијакаби од Рен, за чии услуги „кнезовите“ платија десет милиони евра.

Овој 21-годишен фудбалер по минувањето на лекарските прегледи потпиша петгодишен договор со „кнезовите“ и веднаш му се стави на располагање на тренерот Жардим.

Во меѓувреме, продолжува неизвесноста околу иднината на Мбапе откако дел од медиумите денеска објавија дека францускиот ас побарал да му биде дозволено да си замине од „Луј втори“ во некој европски гигант. Реал Мадрид долго време важеше за огромен фаворит во трката по овој фудбалер, но сега сериозни се и челниците на Барселона, кои ќе имаат пари за трошење по заминувањето на Нејмар.

Се вчитува...