Монако го доби дербито со Ница, за зацврстување на лидерската позиција

Монако се зацврсти на врвот од табелата во Франција, откако со 3-0 ја доби дерби пресметката против Ница во 23. коло од Лига 1.

По првото полувреме без голови, Монако дојде до триумфот благодарение на трите погодоци во вториот дел. Најпрво Жермаин погоди во 47. минута, а потоа Фалкао со два гола, во 61. минута и во 80. минута, донесоа значајна победа за Монако од 3-0.

All Goals & Highlights HD – AS Monaco 3-0 Nice… by arcturusmedia33

По овој триумф, Монако сега е осамен лидер со 52 бода, додека Ница остана на 49 бода. На третото место е ПСЖ со 46 бода, но и натпревар помалку.

Се вчитува...