Монако го доведе Кеита, пак го одби Ливерпул за Лемар

Стеван Јоветиќ не е последно засилување за нападот на Монако за сезонава, откако францускиот првак успешно ги финишираше преговорите со Лацио за трансферот на Балде Кеита. За сенегалскиот офанзивец сериозен интерес покажуваа Интер и Јувентус, но челниците на Лацио инсистираа тој да не биде продаден на друг италијански клуб. Целата ситуација ја искористија водечките луѓе на Монако, кои договорија трансфер вреден 30 милиони евра, умешно трошејќи мал дел од парите што ќе ги добијат од продажбата на Килијан Мбапе во ПСЖ.

Воедно, „кнезовите“ експресно ја одбија и најновата понуда од Ливерпул за услугите на Томас Лемар. „Црвените“ понудија огромни 80 милиони евра, плус едногодишна позајмица на Дивок Ориги, но одговорот од Монако е идентичен како и оној по вчерашната понуда – Лемар не е за продажба, без оглед колку ќе изнесува понудата.

За очекување е од тимот да си замине Фабињо, но не во ПСЖ како што се најавуваше претходно, туку во друг клуб надвор од Франција. Неофицијално, „кнезовите“ веќе го имаат договорено Вилијам Карвалјо од Спортинг Лисабон како замена за Бразилецот на позицијата последен играч за врска.

Се вчитува...