Панатинаикос продолжи да се мачи на гостувањата откако „зелено-белите“ загубија од Монако со резултат 92-84. Конечниот исход можеше да биде и многу поубедлив ако се знае дека Монако во последниот период имаше и повеќе од 20 поени предност, но „зелено-белите“ предоцна се разбудија и успеаја само да го ублажат убедливиот пораз. Со денешното одлично издание Монако ја комплетираше фантастичната недела во која ги совлада двата грчки гиганти, најпрвин Олимпијакос сред Атина, а сега и Панатинаикос на домашен терен.
Окобо беше најефикасен во победничкиот тим со 15 поени, додека Мајк Џејмс го заврши мечот со 13 поени и 8 асистенции, а Нан повторно беше прв стрелец на ПАО реализирајќи 26 поени.
Олимпијакос се опорави од тој домашен пораз од Монако со голема победа над Хапоел (62-58), екипа што беше лидер со само еден пораз во пресрет на ова коло. Дуелот беше максимално израмнет и со бројни грешки во нападот, но грчкиот тим беше поумешен во завршницата. Олимпијакос имаше 58-52, но Мициќ со две тројки израмни на 58-58 на помалку од минута до крајот. Сепак, Милутинов погоди кога беше најважно, потоа Вокап изнуди загубена топка од Мициќ, по што Олимпијакос го доби овој меч со конечните 62-58.
Везенков беше прв стрелец со 14 поени, но најдобар поединец кај „црвено-белите“ беше Милутинов со дабл-дабл од 10 поени и 13 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

