Монако со победи го чува врвот: „Кнезовите“ подобри од Монпелје

Монако продолжи во победнички ритам во францускиот шампионат и на денешното гостување против Монпелје. „Кнезовите“ славеа со 1-2 и ја зголемија предноста во однос на ПСЖ на врвот на табелата на шест бода. „Светците“ вечерва го играат својот меч против Лил на домашен терен.

Монако со головите на Глик и на Мпабе обезбеди водство од 0-2 по само дваесетина минути игра. Монпелје намали преку Хилтон на почетокот на вториот дел, но Монако успеа до крај да ја сочува предноста, иако во завршницата имаше и играч помалку на теренот поради исклучувањето на Жемерсон.All Goals & highlights HD – Montpellier 1-2 AS… by footballderby

Се вчитува...