Монако тргна со триумф во одбрана на титулата: Со пресврт, падна Тулуз

Францускиот првак Монако успешно стартуваше со одбрана на шампионската титула во домашниот шампионат. „Кнезовите“ славеа против Тулуз со 3-2 пред своите гледачи, иако двапати имаа негатива на првиот меч во новата сезона.

Мачач во шестата минута го доведе Тулуз во водство, а израмни Жемерсон уште во првиот дел. На стартот на второто полувреме Тулуз повторно поведе со голот на Делор, но Фалкао постигна гол за израмнување, а Мутињо и Глик во копродукција по еден слободен удар, донесоа триумф од 3-2.

All Goals HD – AS Monaco 3-2 Toulouse – 04.08.2017 by taftadarka2016

Се вчитува...