По двата порази во Белград од Партизан и Црвена звезда, кошаркарите на актуелниот европски вицешампион Монако се вратија на победите во Евролигата, откако вечерва во премиерниот меч од 12. коло славеа над АСВЕЛ со 52-84.
Домаќините успеаја да му парираат на противникот само во првиот период по кој имаа минимална негатива од 11-14. До крајот на првото полувреме „кнезовите“ заиграа подобро па на пауза заминаа со позитива од 21-34.
До крајот избраниците на Василис Спанулис само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 52-84. Џејмс и Миротиќ со по 12 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените немаше ниту еден кошаркар со двоцифрен учинок, а Ертел Селјас и Вотсон постигнаа по седум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

