Мончи ќе си го доведе Ди Франческо за тренер на Севилја

Поранешниот тренер на Рома, Еузебио Ди Франческо, ќе му се придружи на Мончи во редовите на Севилја, откриваат италијанските медиуми. Соработниците од „Олимпико“ сега треба да почнат со нов проект во шпанскиот прволигаш.

Ди Франческо е се уште под договор со Рома иако во март ја напушти „волчицата“. Севилја исто така во март се раздели со Пабло Мачин, а за привремен стратег до крајот на сезоната беше поставен Жоакин Капарос.

Ди Франческо треба да потпише двегодишен договор со раководството на Севилја.

Се вчитува...