Монтела избра 20 играчи: Милан со најдобрите против Шкендија

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, вечерва го објави списокот од 20 фудбалери на чии услуги ќе смета за утрешниот дуел од квалификациите за Лигата на Европа против Шкендија.

Стратегот на „росонерите“ реши да ги остави на трибините Нианг, Палета и Соса, заедно со Билја и Ромањоли кои не можат да настапат поради повреда. Од играчите кои се здрави, Монтела не тактизира и ги повика сите останати засилувања доведени во преодниот рок, предводени од Бонучи во одбраната и од Андре Силва во нападот.

milan sostav za skendija

Италијанските медиуми го најавија и стартниот тим што се очекува Монтела да го избере за утрешниот дуел, а кој делува навистина моќно.

Нападот ќе биде предводен од „новиот Роналдо“, Португалецот Андре Силва кој пристигна од Порто, помогнат од Сусо и од Чалханоглу. Во средниот ред сигурни се Кеси и Бонавентура, а единствената дилема е дали младиот Локатели да добие шанса пред Монтоливо.

Донарума ќе биде задолжен да ги спречи фудбалерите на Шкендија да постигнат гол, заедно со четирите нови дефанзивци, Бонучи, Мусакио, Родригез и Конти.

milan sostav za skendija2

Се вчитува...