Мората се враќа во Атлетико, Јувентус не сака да плати 35 милиони евра

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е на излезна врата од Јувентус. Тој стигна во Торино во 2020 година, и беше договорена двегодишна позајмица, со откупна клаузула во 2022 година од 35 милиони евра.

За двогодишната позајмица, торинскиот тим плати 20 милиони евра.

Но, Јувентус нема намера да плати 35 милиони да го откупи договорот, па затоа планира на крајот од сезоната да го врати во Мадрид.

Мората настапи досега за Јувентус 57 пати и постигна 24 гола.

Се вчитува...