Морати открива: Меси одби половина милијарда евра од Интер само за да се пензионира во Барселона

 Поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати, откри дека бил подготвен да даде богатство за да го донесе Лионел Меси на „Џузепе Меаца“.

 Каталонскиот весник „Спорт“, пишува дека Морати во 2012 година бил подготвен да понуди 500 милиони евра за да дојде до потписот со Меси.

Морати тврди дека понудата не била ставеа на маса бидејќи Меси не сакал воопшто да слушне за заминување од Барселона во тоа време.

„Направив нешто лудо во 2012 година, понудин понуда тешка 500 милиони евра за Меси. Во тоа време, оваа сума беше луда и го пратив потпретседателот на Интер на преговори во Барселона. Но, Меси не ни ја погледна понудата ниту знаеше за колкава сума станува збор. Ја одби понудата без да ги знае деталите“, открива Морати.

Италијанецот потоа открива дека кога имале средба со Меси, фудбалерот му рекол: Го почитувам тоа што сте зантересирани за мене, но јас сакам да се пензионирам во Барселона.

Меси дресот на Барселона го носеше со 2021 година кога потпиша за ПСЖ, а моментно настапува за Интер Мајами и голема е веројатноста и во овој тим да се пензионира.

Се вчитува...