Морничави сцени: Бруно Дуарте се сруши на терен (ВИДЕО)

Фудбалерот на Васко де Гама, Бруно Дуарте, се сруши на теренот за време на натпреварот меѓу Васко де Гама и Ботафого во дербито на националното првенство во Бразил, а Васко победи со 2-1.

На оваа средба се случи морничава сцена – Бруно Дуарте се сруши на теренот. Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда доби силен удар во градите во дуелот со Нахуел Ферарес, по што падна на тревата, во несвест.

Медицинскиот тим веднаш влета, а Тијаго Мендес (неговиот соиграч) се обиде да му ја поврати свеста.

Дуарте мораше да го напушти натпреварот и го гледаше остатокот од натпреварот од клупата, што е добро бидејќи значи дека не мораше да оди во болница и се чини дека сè е во ред со него.

Се вчитува...