Мотивацијата за Вимблдон е голема, Надал неверојатно брзо им се врати на тренинзите (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со неверојатна брзина им се врати подготовки за новите предизвици во кариерата. Откако го освои Ролан Гарос со практично „умртвено“ стапало, Шпанецот беше подложен на нова терапија.

Тој веќе го проба новиот вид на лекување, а в четврток беше виден со помагала за одење на шпански аеродром. Иако се очекуваше долго заздравување, Надал веќе започна со тренинзи на терен во Мајорка.

Токму во неговиот град следната седмица ќе има турнир од серијата 250 како најава за Вимблдон на крајот на месецов. Во моментов не е позната состојбата на Рафа, но се верува дека може да се врати навреме за настап во Англија, меѓутоа повеќе детали ќе бидат обелоденети во наредните денови.

Се вчитува...