Можен ли е тандем од соништата, Фетел – Хамилтон?

Заминувањето на Себастијан Фетел може да предизвика серија на „рокади“ на возачките места за 2021 година во Формула 1 шампионатот, а лесно може да се случи од следната сезона во ист болид на Мерцедес да ги видиме и двајцата најтрофејни возачи во Ф1 во моментов, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Хамилтон е блиску до продолжување на договорот што му истекува на крајот од годинава, исто како и Валтери Ботас, со кого разговорите за нова соработка не се ниту стартувани. Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не ја отфрли можноста за носење на Себастијан Фетел во овој тим.

„Ние сме задоволни од возачите кои ги имаме во моментов, но од друга страна кога некој како Фетел ќе стане достапен не можете да се правите наудрени и да го игнорирате. Тој е извонредна личност, врвен возач и ќе биде голем „плус“ за тимот што ќе го ангажира“, истакна Волф.

Се вчитува...