Тијани Реjндерс без многу двоумење откри зошто решил да го напушти Манчестер Сити и да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Холандскиот репрезентативец не крие дека финансиската страна на понудата била еден од клучните фактори при носењето на одлуката.
Реjндерс летово потпиша за Ал Кадсија во трансфер вреден околу 61 милион евра, а според информациите од Холандија, за четири години во Саудиска Арабија, ќе заработи повеќе од 100 милиони евра.
„Секогаш можете да глумите моралисти, но мислам дека секој би прифатил таква понуда“, изјави Рајндерс, говорејќи отворено за парите кои ќе ги добие играјќи во саудискиот шампоинат.
Холанѓанецот во Манчестер Сити пристигна од Милан во 2025 година, но по само една сезона реши да замине. Тој откри дека уште за време на подготовките почувствувал дека не сака повторно да помине низ сезона во која нема да биде целосно задоволен од својата улога во тимот.
„На подготовките видов дека повторно сè оди во ист правец и почнав да размислувам дали сакам уште една таква сезона. Искрениот одговор беше не“, откри фудбалерот.
Кога се отворила можноста за трансфер во Ал Кадсија, разговорите со тренерот Брендан Роџерс дополнително го убедиле да ја прифати понудата. Рајндерс добил уверување дека преселбата во Саудиска Арабија не мора да значи и затворање на вратите кон европскиот фудбал.
Сепак, најмногу внимание привлече неговата искреност околу парите. Рајндерс смета дека нема ништо спорно во тоа професионален фудбалер да размислува и за својата финансиска иднина.
„Ако оваа одлука значи дека и моите внуци ќе можат добро да живеат, зошто да не го направам тоа?“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
