Можно ли е Барса пак да извиси без Гризман?

Антоан Гризман доцна синоќа ги шокираше приврзаниците на Атлетико Мадрид објавувајќи дека на крајот од сезонава ќе го напушти клубот. Веднаш по оваа објава се чинеше дека трансферот во Барселона е завршена работа, со оглед на фактот колку блиску беше Гризман до „Камп ноу“ минатото лето, но со последниот развој на настаните лесно може да се случи Барса повторно да извиси во трката по францускиот репрезентативец.

Причина е офанзивата на ПСЖ и решеноста на францускиот првак да го врати актуелниот светски шампион назад во татковината. Клаузулата за раскин од Атлетико во висина од 125 милиони евра не е проблем ниту за Барса, ниту за ПСЖ, но „светците“ се убедени дека можат да го убедат Нејмар да им се приклучи на Нејмар и на Мбапе на „Паркот на принцовите“.

Се очекува преговорите да се интензивираат во следните неколку дена, а Гризман најдоцна до крајот на овој месец да обелодени каде ќе ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...