MOZZART спонзор на еден од најголемите спортски настани “Охрид Трчат”

По седми пат се одржа “Охрид Трчат”, еден од најзначајните спортски настани во Македонија.

Спортисти од 28 земји, спортски ентузијасти и рекреативни тркачи, учествуваа на оваа спортска манифестација. Регионалниот лидер во приредување игри на среќа, застана зад уште еден голем спортски настан. Покрај поддршката, Mozzart со свој тим зема учество на истиот. Вработените во компанијата се натпреваруваа на овогодинешниот спортски настан “Охрид Трчат”.

„ Нашата поддршка за ваквите големи спортски настани продолжува и натаму. Нам ни е навистина драго што организаторите на најголемите и најпознати манифестации ни се обраќаат за помош. “Охрид Трчат” е еден од најпознатите спортски настани во Македонија, а нам ни преставува задоволство што токму ние бевме спонзор и помогнавме во реализацијата на целата манифестација”, изјавија од компанијата.

Скоро 2.000 натпреварувачи годинава тргнаа од целта на „Кеј Македонија“. Тркачите, во машка и женска конкуренција се натпреваруваа на полумаратон од 21 километар, штафетна и пет километарска трка. Ова е трета трка за краток период на која регионалниот лидер во приредување игри на среќа даде поддршка. Претходно името на Mozzart беше истакнато на трките во Струга и Леуново.

Комерцијален текст

 

 

Се вчитува...