Македонскиот селектор Игор Ангеловски со две измени во стартниот состав во однос на претходниот натпревар со Гибралтар ќе ја очекува пресметката против Ерменија од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ во Лигата на нациите.
Овој пат Македонија ќе биде со нешто позасилена концентрација на квалитетот на средниот ред, а на сметка на малку посериозна резерва во нападот.
Во напаѓачката линија ќе бидат Иван Тричковски, Горан Пандев и Езгијан Алиоски, кој влетува во офанзивата на местото на Александар Трајковски, а во средниот ред покрај Барди и Спировски сега на местото на Бобан Николов ќе биде младиот Елиф Елмас.
Во одбраната покрај Висар Муслиу, Кире Ристевски и Стефан Ристовски сега на централната позиција од првата минута ќе биде и фудбалерот на Шкендија, Бејтулаи.
Главен судија на мечот ќе биде Австриецот Мануел Шутенгрубер, а ќе му помагаат сонародниците Бранднер и Ридер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА