Мукаетов во посета, ракометарите знаат што сакаат (фотогалерија)

Репрезентативците на Македонија продолжуваат со напорна работа под водство на Раул Гонзалес, на чие барање во оваа ЕХФ седмица немаше контролни средби, туку интензивни тренинзи. Ракометарите знаат што сакаат – што подобар настап на СП во Хрватска, а за исполнување на тие цели неопходно е што подобро воигрување, како и целосно прифаќање на идеите на новиот селектор.

Атмосферата во екипата е одлична, а на вечерашниот тренинг националниот тим го посети и првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во друштво на Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Напредокот е очигледен на тренинзите, за натпревари ќе почекаме до почетокот на јануари, но со оглед на тренерскиот капацитет на Раул Гонзалес и искуството и квалитетот што го поседуваат нашите ракометари, јасно е дека има причина за голем оптимизам.

[new_royalslider id=”826″]

Се вчитува...